| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Фенингер победи на тешката патека во супервелеслалом на ЗОИ

Австриската скијачка Ана Фенингер победи во лудата трка во супервелеслаломската трка на ЗОИ во Сочи. Стазата ја постави австрискиот тренер со што им донесе предност на своите сонароднички. На денешната трка имаше многу откажувања и оправдано е негодувањето на другите репрезентации.
Победата на Фенингер е сосема заслужена бидејќи патеката ја помина со време од 1:25.52 минути дури 55 стотинки пред второпласираната германка Марија Хефл Риш која е победничка во алпската комбинација. Успехот на автријките го заокружи Никол Хосп која заостана 66 стотинки зад победничката.
Утре се вози супервелеслалом во машка конкуренција. Организаторот има проблеми со високите температури кој прави проблем на снегот кој е премногу мек на патеките за алпско скијање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top