| четврток, 6 декември 2018 |

Момче преживеа удар од метеорит

Четиринаесетгодишниот Герит Бленк бил на пат кон училиштето кога видел „светлосна топка“ како му се приближува од небото

102130187

Жешко парче карпа со величина на грашок го погоди во раката, пред да се одбие и да направи кратер во земјата со ширина 30 сантиметри.

Тинејџерот го преживеа ударот на метеоритот, кој се движел со брзина од 48 илјади километри во секунда, за што шансите се еден во милион, само со долга лузна на раката.

– Прво ја видов светлечката топка на небото, а потоа наеднаш осетив болка на раката. Кога ме погоди, буквало одлетав во воздухот, а беше и толку брз што потоа направи и дупка во земајта, изјави Бленк.

Научниците со хемиски тестови утврдија дека ова парче карпа навистина дојде од Вселената.

– Во прашање е метеорит. Поголем број од нив не успеаваат да стигнат до тлото затоа што согоруваат во атмосферата. Од тие кои успеваат да се пробијат, 90 отсто завршуваат во вода, изјави Ансгар Кортем, директор на опсерваторијата Валтер Хохман во Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top