| четврток, 6 декември 2018 |

Oстровот Јава парализиран поради ерупција на вулкан

Седум аеродроми се затворени на индонезискиот остров Јава поради засилена ерупција на вулканот Келуд, кој веќе ја причини смртта на три лица и доведе до евакуација на околу 200.000 локални жители.

Келуд се наоѓа на околу 90 километри од вториот по големина град на Индонезија Сурабаја. Во радиус од десет километри околу кратерот живеат околу 350.000 луѓе.

Тој е висок 1.731 метри и е еден од најактивните вулкани на индонезискиот архипелаг, составен од 18.000 острови. Од 1311 година вулканот еруптирал 29 пати и ја причинил смртта на илјадници лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top