| четврток, 6 декември 2018 |

Новески се врати во стартната постава, Мајнц лесно го победи Хановер

Македонскиот репрезентативец Николче Новески се врати во стартниот состав на Мајнц по суспензијата поради жолти картони и го предводеше својот тим до нова победа. Капитенот одлично командуваше со одбраната, а Мајнц славеше со 2-0 во премиерниот меч од 21.коло во Германија. Головите ги постигнаа Јунус Мали и Максим Чупо-Мотинг.

Мајнц се наоѓа на делба на петтата позиција во Бундеслигата со 33 бода, еднакво како и Волфсбург и Борусија Менхенгладбах, екипи што имаат по еден меч помалку. Првите 6 места во германскиот шампионат гарантираат настап во европските купови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top