| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел лута на Самарас заради Македонија

angela-merkel-antonis-samarasКанцеларката Меркел му е лута на грчкиот премиер Андонис Самарас затоа што не ја прифатил поканата на Минхенската безбедносна конференција да се сретне со премиерот Груевски. Со тоа Самарас го урнал германскиот план за поместување во спорот за името, ги пренесува Канал 5  грчките медиуми.

kanal5Берлин интензивно и тајно се вмешува во грчките национални прашања, ги притиска и Скопје и Атина и бара брзо решение на проблемот со името – неделникот „Епикера“ со анализа на германските намери, интереси и пораки за стабилност на Балканот, кои според тиражниот весник не се многу позитивни и поволни за Грција.
Во однос на прашањето за името, „Епикера“ анализира дека германскиот интерес започнува од ноември, продолжува со средбата Меркел – Нимиц, а кулминира со поканата за учество на македонскиот и грчкиот премиер на панел за името во рамките на безбедносната конференција во Минхен, покана која Самарас не ја прифатил..
„Одбивањето на премиерот, според добро информирани извори, не му се допадна на Берлин, кој смета дека е несфатливо грчкиот премиер да оди во Германија за да учествува на настани организиран од весници, а да не патува за да разговара за важните проблеми на грчката дипломатија, туку Грција да бара меѓународна поддршка. Како што наведуваат истите извори, набргу вознемиреноста на Берлин ќе стане видлива со зголемените притисоци за отворени преговори, дали во рамките на ОН, дали во рамките на ЕУ, но стандардно под покровителство на некоја меѓународна организација.“ – пишува грчкиот неделник.
„Епикера“ повикувајќи се на дипломатски извори предвидува дека во следните месеци ќе се забрзаат активностите околу прашањето за името, а Грција успеала да добие во време, теоретски има сојузници, но тие, според весникот, лесно може да се загубат доколку нема силни и одлучни иницијативи.
„Вмешувањето на Германија никогаш не било најава за нешто позитивно на Балканот, а изолацијата на Груевски не значи и прифаќање на грчките позиции. Освен тоа, ниедна земја никогаш не изјавила дека има разбирање за грчките позиции. Едноставно бараат решение на спорот со името, без да кажат какво решение сакаат, бидејќи веројатно тоа не ги интересира особено.“ – коментира „Епикера“ и на некој начин ги демантира изјавите на шефот на грчката дипломатија, кој доста често, по средбите со неговите колеги од европските земји, тврдеше дека сите партнери ги разбираат грчките позиции.
Германија, според весникот, кон крајот на ноември упатила строга порака до Атина да работи на решавање на проблемот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top