– Истрага се води во неколку земји. Неа ја води тимот на специјалниот обвинител на ЕУ Џон Клинтон Вилијамсон и таа доби на квалитет и има нова димензија. Соработката со екипите на ЕУЛЕКС за случаите „Медикус“ и „Трговија со органи“ е исклучително добра, истакна Вукчевиќ во интервју за денешното издание на весникот „Вечерњи новости“.
Тој нагласи дека не може да зборува за детали, искази или имиња, бидејќи секоја објавена информација ги вознемирува жртвите и нивните семејства, а сведоците кои не се под заштита ги доведува во опасност. Според него, во Косово и во Албанија се создава впечаток дека станува збор за српска пропаганда.
– Сакаме да завршиме објективна истрага и да им се суди на одговорните за овие монструозни злосторства, додаде српскиот обвинител, нагласувајќи дека сведоците се доверливи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.