| четврток, 6 декември 2018 |

Осум години затвор за сопственикот на косовската клиника „Медикус“

Основниот суд во Приштина ги осуди денеска сопственикот на клиниката „Медикус“, Љутви Дервиши и уште четворица обвинети за нелегални трансплантации на органи, додека двајца ослободи.
Сопственикот на косовската клиника „Медикус“ е осуден на осум години заатвор, а неговиот син Арбан на седум години и три месеци, со задолжение да платат 10.000 евра, односно 2.500 евра.
Цокољ Хајдини е осуден на три години, Абдула Дула на една година, Ислан Битиќи на една година условно, а од обвинението се ослободени Бритон Жилта и Иљил Дрецај.
g_medikus

Во обвинението е наведено дека на таа клиника , која се наоѓа недалеку од Приштина, се извршени околу 30 нелегални трансплантации на бубрези.
На сиромашни луѓе од Турција, Русија, Молдавија и Казахстан им било лажно ветувано дека ќе добијат по 50.000 евра по изваден бубрег, кои го продавале на богати пациенти заради трансплантација. Тие богати приматели на органи плаќале и над 70.000 евра за трансплантација на бубрег на клиниката „Медикус“.
Сопственикот на косовската клиника „Медикус“ ги отфрлил на судењето обвиненијата за нелегално пресадување на бурези. Дервиши обвинението го товарело дека бил дел од синџирот на трговија со органи и како еден од седуммината косовски Албанци и двајца странци за трговија со човечки органи, за организиран криминал и за незаконски активности во клиниката „Медикус“.
Во отсуство му се судело и на турскиот лекар Јусуф Сонмез и на Израелецот Моша Харел, а според обвинението, водачи на криминалната група биле Дервиши, Сонмез и Харел.
Клиниката „Медикус“ работела без официјална дозвола, додека Сонмез имал дозвола за работење на Косово, која му ја издало Министерството за здравство.
Клиниката „Медикус“, која е затворена во 2008. година, се спомнува и во извештајот на Советот на Европа, во кој се наведува дека припадниците на „Ослободителната војска на Косово“ тргувале со органи на заробениците во текот на судирот во 1999. година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top