Од денеска почна исплата на субвенциите за тутун од ланската реколта, иако откупот сè уште не е завршен, а законскиот рок за исплата на субвенциите беше јуни. Исплатата почнала прво во прилепскиот и во велешкиот регион.
Субвенциите изнесуваат 60 денари за секој килограм откупен тутун. Производството на тутун од ланската реколта се проценува на 30 милиони килограми, а договорен е откуп на 35 милиони килограми за откуп. Ова го потврди и вицепремиерто и министер за финансии, Зоран Ставрески.
– Почна да се исплаќа поддршката за тутун, па преку 27 илјади производители на тутун веќе ги добија своите пари за субвенционирање на производството. Оние кои допрва ќе го продадат тутунот, исто така, ќе ги добијат своите субвенции. Значајно е дека околу милијарда и 200 милиони денари веќе се исплатени за субвенционирање на тутунот – истакна Ставрески.
Тој додаде дека Буџетот е во добра кондиција, дека има добра ликвидност и оти исплатата на субвенциите оди според планот. Најави дека следната недела се планира исплата на субвенции за овците.
– Задоволни сме од работата на Агенцијата за финансиска поддршка и Министерството за земјоделство кои во исклучително брз рок ги извршија проверките, се со цел земјоделците навреме да си ги добијат своите субвенции – додаде Ставрески.
Тој потенцира дека Владата на Република Македонија и понатаму останува на определбата да го поддржува земјоделството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни
-
Груевски: Заев пред минатите изборите не кажа дека ќе ги укинува субвенциите, а сега ги укинува за оние со помал принос
-
Град Скопје повторно ќе субвенционира велосипеди