Една недела, секој ден, презентираме валидни и сериозни документи за огромниот скандал со паркизните во Куманово. Веќе сѐ е јасно и утврдено. Тендерот бил во вредност од 22.892.000 денари или околу 400.000 евра. Главно лице за извршување на овој тендер, во име на понудувачите, бил Дамјан Манчевски, поранешен шеф на кабинет на Радмила Шеќеринска, а сегашен потпретседател на СДСМ. Тендерот го дала институција раководена од кадар на СДСМ, а назначен за директор од страна на кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски – Циц, изјави денеска на прес-конференција Илија Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, секој ден има неаргументирани оправдувања и обиди за пренасочување на темата. Де имало де немало тендер. Не бил, па бил функционер. Имало приход, па немало приход. Ќе имало тужби, па ќе немало.
– Самиот факт дека градоначалникот на Куманово никаде го нема да се огласи по овој скандал, доволно говори дека тој самиот е свесен што направиле. Ние повеќе пати потенциравме. Господине Манчевски и господине Дамјановски, ниту треба да се расправате со нас од ВМРО-ДПМНЕ ниту треба да се правдате пред нас. Ние знаеме што сте направиле. Повелете, сами, објаснете ѝ на јавноста, како така лесно сте менувале услови во тендер откако тој е распишан? Како така лесно сте ги поставувале критериумите? Зошто до сега не сте ја информирале јавноста за овој тендер? Ние, од ВМРО-ДПМНЕ имаме два разумни предлози до потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, и до кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски – Циц. Првиот предлог е да го раскинат договорот, и тоа да го раскинат од етички причини. Доколку не го направат тоа, вториот предлог е да ја понесат политичката и морална одговорност и да си поднесат оставки од нивните функции. Манчевски од потпретседател на СДСМ, а Дамјановски од градоначалник на Куманово. Би сакале да потенцираме дека ние повеќе би посакувале тие да го раскинат договорот од етички причини, а средствата кои се излиле по оваа основа да се вратат во општинските институции на Куманово и да се искористат за многу од горливите проблеми во таа општина. Граѓаните на Куманово, а и ние, би ценеле ако во Општина Куманово конечно се реши проблемот со ѓубрето и депониите, ако се направи долгонајавуваниот, а не направен базен, ако се вратат дел од долговите на Општина кои, за жал, како во секоја општина раководена од СДСМ воопшто не се мали. Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, и кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски – Циц треба да разберат дека ова не е скандал кој може да се заборави – посочи Димовски на денешната прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар