| четврток, 6 декември 2018 |

Канаѓани ќе инвестираат во Охрид, работа за 200 лица

nikola-bakraceski

Канадска компанија е заинтересирана за инвестиција во Охрид. Во првите три години би се вработиле 200 лица. Ова го најави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Тој рече дека во следната недела ќе има состанок на кој ќе се разговара за изградба на фабрика во која би се вработиле 200 лица.

Вчера министерот за образование, Спиро Ристовски, го посети Охрид, кој соопшти дека во текот на наредните неколку дена ќе почне првата фаза од реконструкцијата и санацијата на објектите во рамките на охридската касарна кои ќе бидат наменети за потребите за Универзитетот „Свети Апостол Павле“.

За околу една година се очекува Универзитетот со своето функционирање да се пресели во рамките на сегашната касарна. Универзитетскиот кампус, според зборовите на охридскиот градоначалник, отвора широки хоризонти за странски инвестиции, особено на оние компании кои имаат потреба од обучени кадри во областа на информатичките технологии, компјутерскиот инженеринг и програмирањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top