| четврток, 6 декември 2018 |

Дамјановски со скромен настап и пласман на 81. место на 15 километри

Македонскиот олимпиец Дарко Дамјановски имаше скромен настап на трката во нордсико скијање на 15 километри и го освои 81. место во конкуренција на 87 учесници кои ја завршија трката. Дамјановски стаса на целта по 48 минути, 34 секунди и 8 стотинки, што беше за повеќе од 10 минути задоцнување зад новиот олимписки шампион Дарио Колоња од Швајцарија.

Дамјановски ја почна трката со стартен број 79, а ќе има уште една шанса да го поправи впечатокот по двете трки со скромен пласман. На завршниот ден од Игрите во Сочи, Дарко ќе настапи на трката на 50 километри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top