СВР Скопје вчера (13.02.) до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицето Б.М. (63) поради основано сомнение за сторено кривично дело – лажно пријавување кривично дело бидејќи истата, во временски период од една година, во два наврати ,лажно пријавила две кривични дела – разбојништво“ извршени од страна на наводен НН сторител во службена просторија на АД „Македонски пошти“ во село Катланово каде што таа била вработена, со што се стекнала со противправна имотна корист од вкупно 705.124 денари.
Имено, пријавената, додека била на работа на 21.01.2013 година и 10.02.2014 година, а со намера да врати парични средства на лице од чија сметка претходно неовластено подигала пари, и да уплати пари на трезорска сметка за друго лице од кое претходно противправно ги присвоила, но и за свои лични потреби, пријавила дека, во поштенска експозитура на АД „Македонски пошти“ во с.Катланово од страна на НН сторител и со закана со пиштол (во првиот случај) и нож (во вториот случај), извршени се две кривични дела – „разбојништво“ при што и се одземени вкупно 705.124 денари.
На ден 04.02.2014 година, од страна на СВР Скопје- ОЕК-Единица за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје против пријавената исто така поднесен е и Посебен извештај во врска со неовластеното подигање на парични средства, а врз основа на пријава од страна на внука на еден од оштетените која приложила докази (Договор за заем на парични средства составен кај адвокат како и рачно потпишани признаници на пријавената за дадени парични средства) со кои пријавената се обврзала дека ќе ги врати противправно присвоените пари.
Врз основа на Наредба од судија на претходна постапка извршен е претрес во домот на пријавената при што се пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети одземени се една уплатница на име на оштетен и банкноти во различни апоени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Семејната традиција продолжува: Романка стана баба на 23 години, а сега и нејзиниот 8 годишен внук се свршил!
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи