Рускиот тенисер Дмитриј Турсунов ги загуби нервите на дуелот против Григор Димитров во рамки на турнирот во Ротердам, поради тоа што беше предупреден дека го надминува дозволеното време за пауза меѓу поените, по што почна да се расправа со судијата. Тој смета дека критериумите на судиите во однос на Рафаел Надал се различни и дека тенисерот е привилегиран .

– Колку го пречекорив времето? Повеќе или помалку од Рафа? Надал го надминува времето за осум секунди и никогаш не добил предупредување. Тој си го чепка задникот 30 секунди, а вие само го гледате. Никој не вели ниеден збор – му рече Турсунов на судијата Седрик Мурие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


