Папата Бенедикт Шеснаесетти кој вчера неочекувано најави дека на 28 февруари ќе го напушти папскиот престол, не е болен и не се повлекува поради таква причина, соопштија од Ватикан.
Директорот на канцеларијата зе медиуми при Светата столица Федерико Ломбарди изјави дека Бенедикт во последните месеци започнал да ја губи силата, што е сосема нормално за човек во негови години, но дека нема посериозна болест. За својата одлука да се повлече Папата уште минатата недела му се доверил на италијанскиот претседател Џорџо Наполитано кој изјави дека таквиот потег е „исклучително храбар“ со оглед на значењето кое тој го има за католичкиот свет.
Се очекува неговиот наследник да биде избран веќе во март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.