Рускиот натпреварувач во уметничко лизгање и гордост на Русија во овој спорт, Евгениј Плушенко, се повлече од Олимписките игри поради повреда. Тој веќе освои златен медал во екипно натпреварување, но ќе ги пропушти натпреварите во индивидуалната програма во машка конкуренција поради повреда. Плушпенко во Сочи се надеваше на највисокото место на пиедесталот, но, очигледно, не е доволно закрепнат по повредата која го оддалечи од мразот 18 месеци. Русинот дури и најави дека е можно тоа да е крај на неговата богата кариера.
Тој пред четири години во Ванкувер го освои второто место, додека на игрите во Торино се закити со златен медал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Автомобил влета среде пешаци – еден загинат во Сочи (ВИДЕО)
-
Илјадници девојки скијаат и бордаат скоро голи: Рускиот фестивал Богел – Вогел е рај за машки очи (фото)
-
Ангела Прилепчанска, првата претставничка на Македонија во натпревар по уметничко лизгање (Видео)
-
Патеката во Сочи останува во календарот на Формула 1 до 2025 година


