| четврток, 6 декември 2018 |

Советот за радиодифузија на Грција воведува цензура на сиромаштијата

Минатата недела Советот на Грчката национална радио телевизија наредил телевизиските станици да се воздржат од емитување снимки на бездомници и луѓе погодени од мизерија. Ваквите снимки можат да биде емитувани само со дозвола од луѓето кои се снимени.

Некои од медиумите оваа одлука ја оценуваат како цензура и бараат Советот да дефинира што е мизерија.

“Дали луѓе што чекаат во ред за бесплатен леб е мизерија и дали можеме  да го  прикажеме тоа? Дали може да бидат прикажани луѓето кои што ги пребаруваат контејнерите?“ , прашува сопственикот на Реал Њуз ТВ, Никос Хаџиниколау кому не му е јасно дали може да се објави веста за 3,000 лица кои си го одзедоа животот од почетокот на кризата.

Со слични прашања и новинарот на То Вима Димитрис Галанис кој очекува Советот да забрани објавување на нивото на невработеност. Тој на шега вели дека наскоро телевизиите ќе почнат со емитување на програма во розева боја и дека ќе почнат да се печатат маици со порака „Среќен сум што сум Грк“.

Според листата на најмизерни земји на светот за 2012 направена од Блумберг , Грција е на второто место на најмизерни земји по Шпанија а пред Хрватска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top