63-годишната Божана Маневска вработена во поштата во Катланово двапати лажно пријавила дека вооружен напаѓач ѝ ја испразнил касата, ексклузивно дзонава „Прес 24“ од извори во истрагата.
Иако пред полицијата прво давала описи на наводниот разбојник, подоцна решила да признае дека воопшто не дошло до грабеж и дека парите самата ги извадила од касата.
Вкупната сума за која е оштетена поштата со двата „грабежа“ изнесува околу 730.000 денари, но полицијата проверува дали и колку вкупно пари вработената успеала да украде и надвор од овие две сценарија.
Инаку, вториот грабеж се случи во вторникот, кога жената тврдеше дека во поштата влегол напаѓач по што таа се онесвестила. Кога ѝ се вратила свеста, парите ги немало. Ист случај пријавила и во јануари минатата година.
Интересно е што жената во медиумите дури даваше и изјави во кои „сликовито“ го раскажуваше случајот.
– Ми рече ќе те убијам ако не ми ги дадеш парите и со рачката од ножот со сета сила ме удри по десната рака. Од чантата ги зедов клучевите од сефот на поштата, го отворив и потоа силно ме удри по тилот. Повеќе ништо не се сеќавам – изјави вознемирената жена за „Дневник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Маж уапсен бидејќи појадувал со жена (ФОТО)
-
Охриѓанец е осомничен за вчерашното убиство во Велгошти
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките