Им благодариме на СДСМ што ги потсетуваат граѓаните и што признаваат дека ВМРО-ДПМНЕ секојдневно реализира проекти, како водоводи, патишта, канализации, реконструкции и нови објекти на болници, училишта и амбуланти, спортски сали и паркови. Тоа го правиме во сите овие години наназад, континуирано, а не само пред избори, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.
Според ВМРО – ДПМНЕ, за да си го оправда поразот на претстојните избори, СДСМ продолжува со алиби прес- конференции.
– Нив им е кристално јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат два сосема различни концепти на работа кои граѓаните ги препознаваат. Концептот на празна реторика на СДСМ и концептот на работа и резултати на ВМРО-ДПМНЕ, се подвлекува во реакцијата и се додава оти во нивните мандати СДСМ не можеле да реализираат ниту процент од она што го реализираше ВМРО-ДПМНЕ. Потсетуваат дека според измените на Изборниот закон, дозволено е јавно промовирање на проекти кои се завршени или пак однапред е планирано нивно започнување со реализација, до 20 дена пред почеток на кампања. Само во периодот од 20 дена пред почетокот на кампањата и за време на изборна кампања, се подвлекува, е забрането само одржување на јавни настани по повод започнување со изградба или пуштање во употреба на објекти.
ВМРО – ДПМНЕ го повикува СДСМ „убаво да го прочитаат членот 8а од Изборниот законик бидејќи таму точно и конкретно е посочено што е дозволено, а што не“.
– Ние како партија се држиме до одредбите од законот и никогаш не сме ги прекршиле. СДСМ доколку не може да се помири со фактот дека во Македонија се реализираат и се работат проекти од општ интерес, ги замолуваме да не ја манипулираат јавноста и да не спречуваат активности од кои полза имаат граѓаните, се вели во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)