| четврток, 6 декември 2018 |

Радио „Слободна Македонија“ вечерва организира голем хепенинг за Денот на радиото

По повод Светскиот ден на радиото- 13. февруари, на скопско Сајмиште хала 5, Радио Слободна Македонија организира музичко-сценски хепенинг, на кој учество ќе земат локални, регионални и национални радио-станици од цела Македонија. Настанот ќе почне во 19 часот, кога ќе настапат радиските диџеи Блак и Алавуџ со свои сетови. Потоа ќе следат настапите на Влатко Илиевски, Александар Белов, Kристина Арнаудова, Јоце Панов, Бени, Футуре ИНЦ, Тајзи, Пеперминт, Дарко Илиевски, Сара Мејс, Либеро Бенд, Димитар Андоновски, Роберт Билбилов и АЈ KЈУ, а крајот е резервиран за диџеј Марга Сол.

– На сцена ќе бидат застапени и доајените од македонскиот радиски етер Аритон Kарлиу, диџеј Мице, Васија Ивановски, како и жени што оставиле свој белег во радискиот етер – Марга Столеска, Семра Kадри, Благуна Лазова, Јасмина Пакашки и Маја Бабиќ – вели за Дневник Емилија Гаврилова, директор на радиото.

Според УНЕСKО, целта на овој меѓународен настан е подобрување на интернационалната соработка меѓу радиодифузерите. Настанот ги поттикнува големите мрежи и радиозаедници да промовираат подобар пристап кон информациите, слободата на изразување и родовата еднаквост на радиобрановите.

– На страната на УНЕСKО се вклучени голем број светски радиски медиуми кои се надеваат дека ќе допрат до најшироката публика во целиот свет. Од суштинско значење за УНЕСKО е апелот до сопствениците на радиостаниците, директорите, новинарите и владите да развијат политики и стратегии поврзани со родовата еднаквост во медиумите, како и за елиминирање на стереотипите и за промовирање мултидимензионален портрет во радиото – вели Гаврилова за весникот.

Фокусот е врз жените како продуценти, водители, репортери и кон промовирање на нивната безбедност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top