На градскиот плоштад „Димитар Беровски“ денеска во организација на општина Берово се одржува традиционалниот велигденски хепенинг.
Богатата културно-уметничка програма на отворената летна сцена почна со настап на најмладите генерации од Детската градинка, продолжи со учениците од основните и средните училишта, со КУД „Димитар Беровски“ и заврши со претставувањето на пејачката група и оркестарот на Здружението на пензионерите.
Во рамки на Велигденскиот хепенинг ќе се одржи и натпреварот за избор на најцврсто велигденско јајце (Велигденски качор), во кој учествуваа стотици учесници од Берово, гости и туристи од повеќе градови од Македонија и од странство. Велигденската прослава продолжува попладнево и ќе трае до вечерните часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


