Пред две години во македнскиот етер почна емитувањето на првото говорно радио во земјата, „Радио Слободна Македонија“.
Првите дневноинформативни, политички и забавни содржини првпат беа емитувани на 11 декември 2013 година.
Во програмската шема на радиото учествуваат 42 водители, кои преку своите емисии ги разработуваат најважните сегменти од политичкото, општественото и социјалното живеење. Во рамките на програмата се емитуваат бројни содржини, но и интерактивни емисии од забавен карактер, чии автори се докажани актери, културни работници и етаблирани личности од јавниот живот.
Радиото има распространета мрежа од 16 предаватели, а во фаза е монтажа на нова предавателна опрема за целосна покриеност на радиосигналот низ целата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.