| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе бевме задоволни доколку Манчевски одговореше барем на едно прашање

vmro-dpmne1_1

Дамјан Манчевски не даде одговор на ниту едно прашање. Ќе бевме задоволни доколку Манчевски одговореше барем на едно прашање.Господинот Манчевски или господинот Зоран Дамјановски треба да одговорат што се крие зад поставените критериуми во Куманово, посебно во делот на фирмата која може да конкурира? Одговорете дали целата група на фирми е составена само за да се задоволат критериумите на повикот, а на крај сепак набавката да ја врши и извршува фирмата Метропаркингплус ДОО Скопје? Ова се прашањата кои ви беа поставени господине Манчевски. Наместо да избегнувате да ги одговорите пренасочувајќи го скандалот во друг правец, бидете доследни и ако се е чесно и морално одговорете на овие прашања, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top