| четврток, 6 декември 2018 |

Косово ќе ги заштитува Албанците во Србија, Црна Гора и Македонија

Еден од водечките функционери на Демократската Партија на Косово и Министер за надворешни работи на поранешната српска покраина Енвер Хоџај говорејќи за новиот статут на неговата партија во кој се зборува за состојбата Албанците во регионот, вели дека Косово ќе ги заштитува сите свои сонародници кои живеат во регионот. 

„Тоа е поврзано со јасната географска дефиниција поврзана со подобрување на политичката и институционалната позиција на Албанците во Македонија,Србија и Црна Гора“, изјавил Хоџај за весникот Експрес.

Тој сепак ја отфрла можноста намерата на неговата партија да биде поврзана со територијални барања или размена на територии. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top