Утре напладне во просториите на детскиот оддел во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје ќе се одржи средба со македонски автори кои својот богат творечки опус го посветиле на најмладите – децата. Македонските писатели Стојан Тарапуза, Горјан Петрески, Велко Неделковски, Славка Арсова ќе бидат гости на ученици од ОУ „Коле Неделковски“.
Учениците ќе развијат дискусија со авторите која им била инспирацијата да го напишат делото, начинот на создавање на главните ликови и нивниот карактер и ќе побараат совет и насоки како тие да го реализираат својот талент за пишување, ќе побараат совет од животното искуство на писателот или поуки извлечени од однесувањето на главните ликови во книгите.
Учениците и писателите ќе дефинираат 20 причини да избереш книга и читање, како насока во одбирањето на вистинскиот пат на една здрава млада личност.
На настанот ќе присуствува и министерката за култура г-ѓа, Елизабета Канческа-Милевска, и ќе учествува во дефинирањето на причините за читање македонска литература. Настанот ќе заврши со заедничка порака до младата читателска публика за важноста на читањето и книгата во развојот на децата и младите.
Дваесетте причини ќе бидат почеток на кампања за популаризација на македонската детска литература, организирана од Градската библиотека во соработка со Министерството за култура.
Кампањата за популаризација на читањето почнува од Градската библиотека ќе продолжи во централните библиотеки „Другарче“, „Страшо Пинџур“ и „Цветан Димов“ и во 14 библиотечни клонови на територијата на град Скопје, во која ќе бидат вклучени и основните училишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со мултимедијален перформанс ќе се затвори поетско-сликарската колонија „Нацртај песна“
-
Презентација на активностите на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“
-
Книжевно пладне по повод 80 години од раѓањето на Миле Неделкоски
-
Книжевно пладне со Горјан Петревски во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“