Завршната свеченост на првата поетско – сликарска колонија „Нацртај песна“ во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе се одржи утре во просториите на библиотеката. Предвидено е одржување на мултимедијален перформанс на која актерот Томе Витанов ќе чита стихови од Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Анте Поповски, Љубен Ташковски, Јован Котески, Петар Т. Бошковски и Чедо Јакимовски, а преку видео проекција ќе бидат презентирани сликите кои учесниците на колонијата ги создадоа според нивните стихови. Во продолжение на програмата ќе се одржи концерт на музичкиот состав „Салса бенд“.
Перформансот ќе се случи на 15 јуни 2017 година во дворот на Библиотеката, со почеток во 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.