Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје има чест да Ве покани на Книженo пладне посветено на Горјан Петревски. За делото на Петревски ќе говори Татјана Димовска-Атанасова а делови од творештвото на Петревски ќе интерпретира актерот Томе Витанов. Средбата ќе се одржи на 10 декември (среда) 2014 година во спомен-собата на Миладиновци во Библиотеката, со почеток во 12.00 часот.
Горјан Петревски е раскажувач, романсиер за деца и малади. Напишал голем број кнги, сценарија за теливизиски игри, рецензии и поговори. Автор е на 26 книги и 7 сценарија за ТВ серии. Добитник е на голем број награди, меѓу кои се и оние за најчитан, најбаран и најпродаван автор.
Кај публиката особено се популрани неговите романи за тинејџери, кои постојано се преобјавуваат во големи тиражи. Тој е писател со ретка дарба, а неговите книги, во прв ред-раскази и романи, побудуваат голем интерес кај младите читатели. Пред се поради својата непосредност во обраќањето, лирските нијанси во нив, а во најголема мера поради мајсторското опишување на првите чувства што се раѓаат кај младите, оние љубови кои „рано се слчучуваат, но долго се паметат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.