| четврток, 6 декември 2018 |

Словенечките банки со енормна загуба од 3,2 милијарди евра

Словенечките банки забележаа во 2013 година 3,2 милијарди евра загуби, објави во четвртокот словенечката централна банка. Станува збор за прелиминарни податоци и резултати пред одбивање на данокот. Загубите значително се поголеми во споредба со 2012 година, кога изнесувале 776 милиони и во однос на 2011 година, кога изнесувале 436 милиони евра.

Околу 40 отсто од регистрираните загуби се последица на резервациите и отписи што банките кон крајот на годината морале да ги извршат на сметка на т.н. лоши кредити од минатите години.

Откако водечките банки кон крајот на минатата година беа докапитализирани од државата со големи износи, нивните загуби, како што се очекува, во оваа година би требале да бидат значително помали, но работење со добивка не се очекува во за банкарскиот сектор во целина, изјави за љубљанска „Дело“ вицегувернерката на централната банка Станислава Задравец-Цаприоло.

Вкупниот биланс на словенечките банки во 2013 година се намали за 11,1 отсто, односно за 5,1 милијарди евра, од што 2,9 милијарди евра се последица на враќањето на кредитните обврски кон странските банки.

Кредитите на словенечките банки кон реалниот сектор се намалени за 6,5 милијарди евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top