| четврток, 6 декември 2018 |

Дамјановски не го продавал телефонот, но „знаел спортисти кои ги продаваат“

nov-print-damjanovski 1Македонскиот олимпиец Дарко Дамјановски негира дека го продавал телефонот – подарок на ЗОИ во Сочи. Тој за „Екипа“ вели дека медиумите и македонската јавност сосема погрешно ја протолкувале неговата објава на „Фејсбук“.

– Мојот телефон воопшто не се продава и нема таа цена која некој би ја платил за него. Но, овде во Сочи има многу други спортисти кои ги продаваат и воопшто не им значат ништо. Сакам да демантирам, по овие написи во медиумите, за да знае добро јавноста за што се работи. Повторно кажувам, телефонот не се продава“– ја пренесува Екипа реакцијата на Дарко Дамјановски.

darko d 1Дамјановски вчера по реакциите на јавноста веднаш го повлече огласот за продажба на мобилниот телефон брендиран со македонското знаме, па повторно преку „Фејсбук“ се обиде да објасни дека тој само „знаел дека некои други спортисти сакаат да ги продадат телефоните“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top