Шведска го доби дербито од првото коло на хокеарскиот турнир во машка конкуренција и со победа од 4-2 против Чешка најави кандидатура за трофеј. Извонредниот состав на „трите круни“ со многу НХЛ ѕвезди полесно од очекувањата славеше на премиерниот ден од машкиот турнир. Карлсон со два гола го заслужи епитетот играч на натпреварот, а по еднаш мрежата на Ковар ја затресоа Берглунд и Зетерберг. Швеѓаните на почетокот од вториот период имаа предност од 4-0, а потоа Чесите со двата гола на Зидлички и на ветеранот Јагр намалија на 2-4, но немаа сили за подвиг и за освојување барем на еден бод.
Во меч од истата група, Швајцарија со голот на Мозер на 8 секунди до крај ја победи Летонија со 1-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Автомобил влета среде пешаци – еден загинат во Сочи (ВИДЕО)
-
Илјадници девојки скијаат и бордаат скоро голи: Рускиот фестивал Богел – Вогел е рај за машки очи (фото)
-
Канада и Шведска ќе играат во финалето за светската титула во хокеј (видео)
-
Патеката во Сочи останува во календарот на Формула 1 до 2025 година


