| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн гази безмилосно

Минхенски Баерн гази безмилосно на сите фронтови и повторно е во игра за три трофеи, што ги брани од лани откако во националниот куп го декласира Хамбургер со 5-0 на гостински терен. Баварците играат неверојатно добро во серија, лидери се во Бундес-лигата, останаа во игра за одбрана на трофејот во германскиот куп, а ќе играат и во осминафиналето во Лигата на шампионите, натпреварување што го освоија лани.

Вчера против Хамбургер Марио Манџукиќ постигна 3 гола, а по еднаш беа прецизни и Данте и Робен. Изненадување направи Кајзерслаутерн со победа по продолженија од 1-0 против фаворитот Баер Леверкузен, а во прволигашката пресметка Волфсбург со 3-2 го исфрли од игра Хофенхајм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top