Со наслов „Најголема афера во Србија: Тајкун со шверц на цигари земал сто милиони евра“ српски Курир пишува дека познат белградски тајкун , денеска сопственик на фабрики, фирми но и на еден медиум, империјата ја создал со шверцување на цигаи од Македонија меѓу 1998 и 2003.
Возач на камионот на чија приказна се повикува Курир.рс вели дека со помош на свои луѓе на царина и во полиција, пренесени се околу 200 камиони со цигари без царина и данок, правдајќи ги како ориз. Човекот дел од овој синџир – возач на камион, се повикува на анонимност заради безбедност на своето семејство, иако бил подготвен се да повтори пред судија.
Според сторијата, цигарите се шверцувани од Македонија преку Табановце и Прешево, а за пет години илегално границата ја поминале меѓу 100 и 200 камиони, со што заработката била околу 100 милиони евра
Маска од ориз
-Камион со Малборо вредеше до милион и половина марки (подоцна евра), а бидејќи не плаќаа данок и акцизи бидејќи на граница имавме наши луѓе, чиста добивка од еден камион беше околу половина милио евра. Камионите потоа возеа од 10 до 12 тони цигари. Во камион собира 1 200 кутии, а во една има 50 „штеки“ цигари. Тој човек на 200 камиони заработи околу 100 милиони евра- го пренесува Курир.рс соговорникот.
-Цигарите ги купувавме во „Македонија Тобако“, а како купец се јавува фирмата „Дошен“ од Вуковар. Секако таа фирма не постои, измислена е. Цигарите се плаќани во готово. Кога камионот ќе ја поминеше границата имавме документи дека носиме цигари. Но во меѓузоната менувавме таблички, стававме лажни босански регистрации, кои си ги носевме од Србија. Кога ќе дојдевме на српска граница, полицаецот ми запишува име и презиме, ме прашува што носам, велам ориз и ме носи на терминал.
Таму го чека врска, полицајци кои од камион добивале по околу десет илјади евра.
-Секогаш поминувавме кога тие беа на смена. Скоро никогаш не ги отвораа камионите, туку само не пуштаа. Но, за „не дај боже“, ако ме застанат полицајци во Србија, штом прејдев граница повторно ги менував табличките. Ставав нови лажни таблички и ги подготвував лажните документи за транспорт на ориз кои ги носев од Белград кога тргав за Македонија. Покрај тоа, секогаш имавме „маска од ориз“, неколку вреќи ориз на крајот на камиониот- се пренесува соговорникот.
Се е лажно
Како и фирмата „Дошен“, која ги купуваше цигарите, така и фирмите за кои ги купуваа ориз беа измислени.
– Чувам над 20 печати на различни фирми кои беа направени за таа работа. направивме и печати на царинарниците. Се имавме лажно. Документи за фирми, таблици, печати, сообраќајни дозволи. Оризот го увезувавме од измислената фирма „Еурофуд“, а увозник фирмата „Хемо-медика“. Табличките и сообраќајните беа босански, ги добивме од човек кој работи во тамошната управа- ја продолжува сторијата соговорникот на Курир.рс.
-Ако земете документи од тој период, ќе видите дека во еден ден сум ја напуштил Македонија со шлепер цигари, а потоа со други таблички и друга стока сум влегол во Србија. Секако дека увезував цигари, но тие беа заведени како ориз. Тоа можете да го проверите споре моите податоци- бројот на пасошот. Се останато е лажно- пишува Курир.рс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.