| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските млади фудбалери подобри од Италија

fudbal

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ја совлада селекцијата на Италија со 2:1.

Во пријателски натпревар одигран доцна попладнево во италијанскиот град Сан Џулиано Терме , избраниците на селекторот Боби Стојковски со пресврт стигнаа до победата.

Домашната селекција на Италија поведе во 58-минута со автоголот на нашиот репрезентативец Хани по ударот на Матарезе.

Сепак, само една минута подоцна (59) Македонија израмни на 1:1 со голот на Дарко Додев. Стрелец на победничкиот гол за нашата млада селекција беше Белмин Чуљевиќ во 68 минута.

Утре од 15 часот, Италија и Македонија ќе одиграат уште една контролна средба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top