| четврток, 6 декември 2018 |

Поради софтверска грешка, „Тојота“ повлекува 1,9 милиони хибридни автомобили

tojota-povlekuva-370000-vozila

Поради дефект во софтвер кој може да предизвика ненадејно намалување на брзината автомобилската компанија „Тојота“ повлекува 1,9 милиони од најпродаваните хибридни автомобили „Prius“, објави „Би Би Си“.

Компанијата соопшти дека досега се идентификувани повеќе од 400 извештаи за проблемот главно од Јапонија и Северна Америка, но нема регистрирани несреќи или повреди предизвикани од дефектот.

„Во ограничени случаи хибридниот систем може да се исклучи и возилото да запре, веројатно за време на возење“, појаснуваат од компанијата.

Пред тоа, компанијата ја прекина продажбата на некои модели на автомобили во САД, поради проблеми со грејачите на седиштата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top