Непознат пријавил дека поставил бомба во тетовското училиште „Браќа Миѓени“.
Полицијата го евакуирала училиштето, го пребарала и утврдила дека нема бомба.
Порталот Прес24 предмалку го објави писмото кое преку имел ги испратил некојси човек кој се потпишал како „Лудак ретардиран“.
„Почитувани, Во училиштетот е поставена бомба која ќе биде активирана доколку не ми доставите 100.000 денари. Парите барам да бидат оставени позади дрвото на левата страна од училишниот двор. Времето ви е кусо.“ – стоело во заканувачкото писмо.
Освен директорката, заканувачот писмото го испратил и на уште осум професори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?