Вистински раритет во алпските дисциплини се случи во Сочи на олимписките игри денеска, откако две натпреварувачки во спуст имаа исто време, па златниот медал оди на градите на Тина Мазе и на Доминик Гисин. Словенката Мазе и Швајцарката Гисин имаа идентично време од една минута, 41 секунда и 57 стотинки и ќе бидат запишани во историјата на зимските игри како шампионки во иста дисциплина на исто натпреварување. Бронзениот медал со 10 стотинки заостанување зад Мазе и Гисин го освои втората швајцарска олимпијка Лара Гут.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.