| четврток, 6 декември 2018 |

Скрилекс скокнал врз обожавателка и ѝ предизвикал мозочен удар (ВИДЕО)

skrillex

Сони Џон Мур, попознат како Скрилекс, наводно, ѝ предизвикал мозочен удар на една негова обожавателка. Инцидентот се случил во ноќен клуб во Лос Анџелес, февруари 2012 година.

Еден од најпопуларните светски диџеи и продуцент на електорнска музика, ја повикал публиката поблиску до сцената, а потоа се фрлил кон нив. За несреќа, тој паднал директно врз неговата обожавателка по име Џенифер Фрејсл.

Таа вели дека не можела да се одбрани од неговиот скок од високата бина, а повредите со кои се здобила, подоцна ѝ предизвикале и мозочен удар.

Сега, Џенифер поднесе тужба кон Мур и бара оштета, со која вели, ќе ги плати медицинските трошоци и ќе надомести дел од нејзината ментална болка и страдање. Според неа, по незгодата од која претрпела повреда на главата, таа не била способна да заработува, а за сѐ е виновен познатиот диџеј.

Скрилекс, кој годинава доаѓа на Балканот на фестивалот „Егзит“, засега не изјавил ништо во врска со тужбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top