На Косово му се закануваат протести, многу помасовни од неодамнешните студентски собири пред ректоратот во Приштина, кои можат да прераснат во големи немири, предупредува денеска приштинскиот весник „Трибуна“.
Извори на весникот тврдат дека постојат сериозни сигнали, кои покажуваат дека доколку сегашната ситуација сериозно не се набљудува, на Косово може да се случи хаос од протести, кои потоа ќе се употребат во различни сценарија за политички цели. Не се исклучува можноста и дека во тој хаос ќе се вклучат и различни кругови на тајните служби.
Во Косово има голем потенцијал за социјална експлозија. Затоа многу брзо може да дојде до голем и насилен протестен бран поради несогласување со приватизацијата или незадоволство од ниските плати и пензии, додава „Трибуна“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации