| четврток, 6 декември 2018 |

Самуел Л Џексон побесне за време на интервју – Не сум Лоренс Фишбурн! (видео)

Холивудскиот глумец Семуел Л Џексон, за време на гостувањето во една емисија доживеа непријатно изненадување кога водителот го помеша со колегата Лоренс Фишбурн.

Додека разговараа за последниот филм на Џексон „Робокап“, водителот на КТЛА го замени Џексон со Лоренс Фишбурн и иако само го праша каква реакции добил за рекламата на Супер Бол, Самуел почуствува што се случува.

– Која реклама на Супер Бол? Знаеш што? Ти си еднакво луд како луѓето на Твитер! Јас не сум Лоренс Фишбурн! Не изгледаме сите исто! Можеби сме црни и славни, но не изгледаме исто, му одговори.

Интервјуто погледнете го во видеото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top