| четврток, 6 декември 2018 |

Алојзиjе Степинац ќе биде прогласен за светец

Bla_eni_Alojzije_S_245670S1Алојзиjе Степинац, загрепски бискуп и кардинал, кого комунистичките власти во 1946 година го осудиле за соработка со усташите, ќе биде прогласен за светец, пишуваат хрватските медиуми.

Ватиканскиот префект Ангело Амато синоќа на миса во хрватската црква „Св. Јероним“ во Рим изјави дека надлежната лекарска комисија утврдила случај на чудесно оздравување на еден верник по разговорот со блажениот Степинац, за што бил информиран и папата Франциско.

Тоа, како што пренесуваат хрватските медиуми, бил последниот услов во постапката за канонизација на Алојзие Степинац.

Сега следува одлука на пленумот на Конгрегацијата и декрет од папата, со кој ќе се утврди и датумот на канонизација, по што Католичката црква ќе го прогласи Степинац за светец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top