Во дел од струшките села, ЕВН Македонија, МВР и крим полиција, викендов направиле контрола на мерните места, но и претрес на објектите по издаден судски налог за корисници каде што предходно неможело да се изврши контрола. Во с. Корошишта откриена е кражба на струја кај корисник кој подолго врем крадел и не дозволувал екипите на ЕВН да направат контрола. Проверката на внатрешната инсталација на објектот во сопственост на А.В. покажала дека со електричен кабел поврзан пред броилото, директно со струја се напојувала ниско напонска спратна табла, а од тука преку внатрешната инсталација се напојувале елекрични апарати кои се користеле во објектот. Потрошената струја во ваков случај не се мерела при што овој корисник годишно крадел илијадници kWh. Корисникот за сторената кражба заработил пресметка за неовластено користење на електричната енергија и кривична пријава и веднаш бил исклучен од дистрибутивниот систем.
Од ЕВН Македонија не го коментираат случајот и велат дека тоа се редовни контроли и активности. Укажуваат на тоа дека контролите на корисниците каде што има сомнеж или пак доказите потврдуваат дека има неовластено користење на електричанта енергија ќе продолжат и натаму. Целтта е заштита на дистрибутивниот систем и корисниците кои редовно плаќаат за потрошената енергија. Од ЕВН апелираат да не подлегнуваат корисниците на вакви дела затоа што со тоа се крши законот и голем е ризикот ваквите корисници да заработат и затворски казни.
Казната затвор и паричната казна за оној што ја извршил кражбата на електрична енергија не е единствената последица од крадењето електрична енергија.Со кражбите на електрична енергија најмногу страдаат корисниците кои легално ја користат електричната енергија и редовно си ги плаќаат сметките, вели Атанас Ковачевски портпарол на ЕВН Македонија. Спорд него, најголема е опасноста по животот и здравјето на оние кои живеат во близина на кражба на електрична енергија, бидејќи често се случуваат експлозии и пожари. Во областите каде што има кражби, постои можност за зачестени дефекти и слаб напон. Заради тоа што енергијата која се краде не се евидентира, не може да се планираат и реализираат инвестиции за подобрување на квалитетот на снабдувањето, додава Ковачевски.
Минатата година во кражба се фатени 2.000 корисници , кои украле 30 GWh, или штетата изнесувала 3.400.000 евра, државата пак е оштетена за процентот на ДДВ кој не меможе да се плати поради тоа што украдената енегија не е фактурирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


