| четврток, 6 декември 2018 |

Дистрибутер ја олеснил фирмата за 55 илјади евра

Млад гостиварец, кој работел како дистрибутер на фирма, бил откриен дури кога затаил 55.000 евра. Тој наместо парите од продадени производи да ги уплатува на сметка на фирмата, си ги трошел.

Полициската станица во Гостивар поднела кривична пријава против М.К.(27) од Гостивар, дистрибутер на „Експанда“ ДООЕЛ Скопје-подрачје Гостивар за кривично дело затајување.

Во периодот од 27 септември 2011 година до 2 февруари лани, во повеќе наврати противправно присвоил пари и предмети (цигари и ваучери за мобилни телефони) во вкупен износ од 3.337.329 денари, доверени во работењето од страна на „Еспанда“ ДООЕЛ, на начин што откако ќе ги дистрибуирал до неколку продавници во Гостивар, парите од продажбата на предметите ги присвојувал за себе, наместо да ги уплати на сметката на фирмата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top