| четврток, 6 декември 2018 |

Утре без струја делови од Карпош, Чаир и Ѓорче Петров

Корисниците од улицата „Црногорска„ ул. 6 и ул. 8 во општина Ѓорче Петров утре од 08:30 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Милан Марковиќ“, „Козле“, „Илија Плавев“ и „Стрезово“ во општина Карпош, а од 9:30 до 14:30 часот и дел од корисниците од улиците „Невеска“, „Волгоградска“, „Рузвелтова“ и „Воденска“ во општина Карпош. Од 9:30 до 11:30 часот електрична енергија ќе немаат и корисниците од областа кај градинката во Битпазар, како и на улиците „Цветан Диомов“, „Чаирска“ и дел од улицата „Серава“ во општина Чаир.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот во напојувањето со електрична енергија е поради изведување планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија АД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top