Група од 40 лица членови на навивачката група „Комити” околу 17 часот во автобус кој сообраќал на линијата број два без повод и причина нападнале неколку малолетни лица и го оштетиле автобусот, соопштуваат од МВР. За време на натпреварот на ракометните екипи на „Вардар” од Скопје и „Динамо Минск” од Украина, кој се одржуваше во СЦ „Борис Трајковски” повторно дошло до нарушување на јавниот ред и мир по меѓусебна пресметка на две групи од редовите на навивачката група „Комити” кои фрлале ситни предмети кон теренот и гледалиштето.
По интервенција на полициските службеници, група навивачи почнале да ги навредуваат и омаловажуваат по што едно лице од групата извадило цврст предмет и со него погодило еден полициски службеник во глава од што полицаецот се здобил со видлива телесна повреда
По преземени мерки во врска со двата настана приведени се 21 лице од кои 12 малолетни. Се работи на целосно расчистување на случајот по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Голема трагедија во Индија: Автобус падна во канал, најмалку 25 лица загинаа
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)
-
Се симнувало по скали од вториот кат и паднало: Девојче повредено во автобус на ЈСП
-
Чуден е овој соживот кога на националната арена ни извикуваат “Мртов каур, добар каур” и “Обединета Албанија” (видео)