| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот папа ќе биде црнец?

Најсериозен кандидат за наследник на папата Бенедикт XVI веќе подолго време е 64 годишниот претседател на Папскиот совет за правда и мир, кардиналот Петер Турксон од Гана, јавуваат странските медиуми повикувајќи се на извори од црковните кругови во Ватикан.

Веќе неколку години се шпекулира дека Католичката црква наскоро може да го добие својот прв црн папа, а таа тема повторно се актуелизираше со ненадејната оставка на Бенедикт XVI. Во моментот во обложувалниците низ светот мала предност пред него има 80 годишниот кардинал од Нигерија Франсис Аринзе, но тој нема да може да учествува во изборот затоа што веќе има полни 80 години. Трет најсериозен кандидат е 71 годишниот кардинал од Венеција Анџело Скола, а зад него се 70 годишниот кардинал Оскар Родригез Марадиаџо од Хондурас и 65 годишниот кардинал Алберт Малколм Рањит од Шри Ланка. Неизвезно е и кое папско име ќе го добие новиот папа, а во изборот предничат имињата Петар, Јован Павле, Јован и Бенедикт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top