| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Потпретседателот на СДСМ, Манчевски вмешан во корупциски скандал

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски се замешани во сомнителен и коруптивен скандал, обвини владеачката ВМРО ДПМНЕ. јавното претријатие Куманово паркинг склучило договор со фирма од белград кое потоа стопанисувањето со паркинзите во овој град и го отстапува на фирма од скопје. меѓу сопствениците на оваа фирма е и Манчевски.

Според владеачката ВМРО-ДПМНЕ фирмата Метропаркинг ДОО од Белград склучила договор со Јавното општинско претпријатие чиј директор бил поставен токму од градоначалникот Зоран Дамјановски. Српската фирма потоа и го отстапува стопанисувањето на нејзината фирма ќерка Метропаркинг плус ДОО Скопје, основана во 2010 година. Кај двете фирми меѓу оснивачите се појавува исто лице, извесен Дејан Симиќ од Белград. Во македонската фирма, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ во моментот на склучувањето на договорот еден од сопствениците е потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски. Според директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, Манчевски не фигурира како сопственик откако бил избран за потпретседател на социјалдемократите.

-Видливо е се. Белградска фирма добива тендер, за да се скрие трагата, и  го преотстапува на скопска чиј сопственик и основач е потпретседател на СДСМ и близок соработник на највисоките функционери на таа партија. Дополнително, овие две фирми се и капитално поврзани. Сегашниот потпретседател на СДСМ си добил работа во општина која е раководена од градоначалник на СДСМ, рече Димовски.
Според него и актуелното раководство на најголемата опозициска партија го задржала начинот на работа од нивните претходници. Кумановци, како што рече тој, треба да знаат дека парите од високите сметки и казни завршуваат на сметка на фирма чиј сопственик е сопартиец на градоначалникот Дамјановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top