Романскиот претседател Трајан Басеску е казнет со 600 леи (135 евра) поради неговата изјава за Ромите дека „живеат од тоа што ќе го украдат“, пишува „Локално“. Според Националниот совет за борба против дискриминацијата, изјавата на Басеску е дискриминација и го крши правото на достоинство на Ромите.
Одлуката за парично да се казни романскиот претседател е донесена на денешната седница на Советот, при што шест членови гласале „за“, а двајца „против“.
Басеску изјавата ја дал во 2010 година при официјалната посета на Словенија, како одговор на новинарско прашања за мерките што романските власти ги преземаат за интеграција на Ромите во општеството. Басеску изјавил дека интеграцијата на Ромите отежнато се одвива бидејќи „малкумина од нив не сакаат да работаат“, а „поголемиот број од нив обично живеат од тоа што ќе го украдат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.