Четириесет и двегодишниот Кирчо Мицов е осуден на казна затвор од 13 години за убиство на неговиот сограѓанин, 46-годишниот Стоиле Максимов. Во пресудата, што денеска ја донесе Кривичниот судски совет при Основниот суд во Штип, се вели дека Мицов делото го сторил со умисла ноќта меѓу 6 и 7 мај 2013 година.
Тој убиството го извршил со удар со тврд предмет. Телото на Максимов во неговиот стан беше пронајдено по пет дена, откако соседите и неговиот татко ја аламирале полицијата насилно да влезат во станот во штипската населба „8 Ноември“.
Портпаролот на Основниот суд во Штип, судијата Стојан Михов вели дека пресудата не е правосилна, а Мицов и неговиот бранител имаат право на жалба. Бранителот, Драган Гаџов истакна дека пресудата ќе биде обжалена, а како што рече била незаконска, бидејќи била донесена без докази дека токму Мицов го извршил делото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка