| четврток, 6 декември 2018 |

Пијаницата што го инспирираше Ди Каприо (ВИДЕО)

Една од најзборуваните сцени од „Волкот од Волстрит“ е токму обидот на ликот на Леонардо ди Каприо, дрогиран и пијан, да стигне до својот дом.

p18e6o1s6q1329lrr15j01s1p6sr4

Актерот, кој за оваа улога е номиниран и за „Оскар“, вели дека инспирацијата за сцената ја добил од популарното видео на „Јутјуб“, на кое човек во видно алкохолизирана состојба се обидува да купи уште пиво.

– Неговото тело е совршено еластично, а најмногу ме фасцинираше неговата мотивација да дојде до алкохол, за што му беше потребен дури половина час – вели Ди Каприо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top