| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една танцова двојка го напушти „Танц со ѕвездите 2“ (ВИДЕО)

Гласови од публиката овојпат најмалку имаше за ватерполистот и поранешен мистер на Македонија, Стефан Лошкоски, и неговата инструкторка Симона Веселиновска.

1016574_264793850349871_916971371_n

– Mислам дека заедно со Симона добро го одработивме овој проект и оставивме барем мал белег по кој ќе нѐ паметите. Излегуваме од шоуто со кренати глави, со најмногу гласови од публиката и со извинување од судиите кои што на крај, сепак, презедоа дел од вината за нашето напуштање на шоуто, што според мене е еднакво и на победа. Уште еднаш би ѝ се заблагодарил на Симона за посветеноста со која работеше со мене и што успеа да ми помогне да исполнам едно ветување дадено одамна на една личност, на која ѝ ветив дека ќе научам да танцувам, барем неколку чекори. За мене ова вреди и повеќе од победа. Ви благодарам на сите – изјави Стефан.

Во последната емисија Стефан и Симона се претставија со танго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top