| четврток, 6 декември 2018 |

Одбележување на 80 години од раѓањето на Бранко Миљковиќ во „Браќа Миладиновци“

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје утре организира литературно мементо по повод 80 години од раѓањето на големиот српски поет Бранко Миљковиќ.

Настанот ќе се одржи во Спомен-собата на браќата Миладиновци со почеток во 12 часот. За делото на Миљковиќ ќе зборуваат проф. д-р Науме Радически, професор по српска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје и проф. д-р Горан Максимовиќ, декан на Филозовскиот факултет во Ниш и професор по српска книжевност. Посебно обраќање за Бранко Миљковиќ ќе има академик Радован Павловски. На книжевното пладне ќе присуствуваат и д-р Александар Цветковиќ, началник на Нишавската управна област и Небојша Васиќ, директор на Градската библиотека „Стеван Сремац“ во Ниш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top